Монахиња во Сирија сведочи за силата на светата Бројаница

Монахиња во Сирија сведочи за силата на светата Бројаница

Христијаните во неволја прашуваа: Како да одиме на бојното поле и да убиваме?

Сестра Јозефина Бу Насар е Либанка и како девојка побегнала од својата татковина во текот на граѓанската војна која траела повеќе од 15 години. Припаѓа на Сестрите на Љубовта од Бесанкон, па како девојка непосредно доживеала воени стравови во сопствениот дом, сега одново како монахиња во Сирија се соочува со воено страдање. Војната се случила во потполно христијанско подрачје, кое подоцно го заземале џихадистичките милитанти. Поради тоа христијаните морале да престанат да одат во своите цркви и целиот нормален живот се нашол под рушевините од војната.

-Бев вдахната по куќите да ја носам нашата Богородица за да ги заштитам христијаните. Ја остававме во една куќа каде што се собиравме на молитва. Некои од семејствата ми раскажуваа како ја ставиле нашата Богородица во својата дневна соба и како цела ноќ спиеле таму со Нејзе – истакнува сестра Јозефина Бу Насар.

На иницијатива на овие монахињи, иконата на Света Дева Марија секојдневно посетувала од 25 до 30 куќи. Тоа бил едноставен чин кој донесувал надеж на подрачјето Дари каде започнала војната и каде што се случил првиот колеж.

-Еден човек ми рече дека никогаш не молел Бројаница, но кога започнал сигурен е дека Дева Марија му дава сила, храброст и надеж за продолжување покрај сите стравови на кој бил сведок. Навистина било потресно да се слуша, како се предавал на молитва и на Света Дева Марија – вели монахињата.

Сестрата веќе повеќе години живее во Либанон, но морала да живее во Сирија за време на најголемите воени години: од првите конфликти до доаѓањето на екстремистите. Сведок е на страдањето кое ги присили христијаните во своите раце да земаат оружје.

-Војната е тешка, посебно за христијаните кои не сакаат да убиваат. Веруваме и Христос не сака да убиваме, да носиме оружје. Христијаните се пред тешко прашање: Како да одиме на бојно поле и да убиваме? Тоа навистина силно ги боли – нагласува таа

Објаснува како, со помош на молитвата и духовното придружување, можат да ги смират срцата на многумина кои не сакале да отидат во војна, а кои сѐ уште не се вратиле. Знае дека и денес иконата на Света Дева Марија ги посетува куќите и донесува утеха на малобројните христијани кои останале во Сирија.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот