Молитвена порака од Манифестацијата „Секое дете заслужува да биде ученик“

Молитвена порака од Манифестацијата „Секое дете заслужува да биде ученик“

При Исуса донесуваа и младенци, за да се допре до нив; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа. Но Исус, кога ги повика, им рече: „Оставете ги децата да доаѓаат при Мене, и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо! Вистина ви велам: кој не го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него.”(Лука 18,15-17)

Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен. (Мт.18,10)

Отец Христофор Димитар Назов на посебен начин ја нагласува заложбата за важноста на мајката, велејќи: „Мајката мора да биде како квачка која ги собира своите пилиња, ги топли и храни“. Тој често, всушност секогаш со висок глас нагласува: Молете, молете заедно. Воспитувајте ги своите деца и молете со нив. За животот да ви биде поубав љубете се!

Денес сакаме да потсетиме за сите деца кои по вина на други не достигнале да тргнаат на училиште и бидат среќни и љубени.

Порачуваме:

Секое зачнато дете има право да се роди!

Секое родено дете има право да живее!

Секое живо дете заслужува да биде ученик!

Зашто секое дете е Божји дар и човечко битие со душа и тело и е достојно за него да се молиме со Господовата молитва: Оче Наш, кој си на Небесата, да се свети името твое, да дојде Царството твое, да биде волјата Твоја, како на Небото така и на Земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што ги проштеваме и ние на нашите должници. И не нѐ воведи во искушение, но избави нѐ од лукавиот. Амин.

Им благодариме на нашите родители што ни дариле живот и ги молиме сите да дозволат децата да се раѓаат, растат, воспитуваат и школуваат.

За сите деца во светот да има правда!

Во Радово на 01 септември 2017

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот