(ВИДЕО) Молитвена накана на Папата за октомври 2024 година: Да молиме за синодалниот стил на живот и за посланието на Црквата
Во молитвената накана за октомври 2024 година, објавена преку Папската светска молитвена мрежа, папата Фрањо поттикнува да молиме за да промовираме, како знак на соодговорност, учество и заедништво меѓу свештениците, посветените лица заедници и мирјаните. Отец Форнос: Овој месец Папата поттикнува да молиме за Синодата да биде вистински момент на средба, меѓусебно слушање и меѓусебно расудување, водени од Светиот Дух.
Соодговорен во посланието
Папата објаснува дека сите христијани – мирјани, свештеници, посветените – се заеднички одговорни за посланието, бидејќи учествуваме и живееме во заедништвото на Црквата. Свештениците не се управители на мирјаните, туку нивни пастири – прецизира папата Фрањо, додавајќи дека Исус нё повикал и едните и другите, кои сме заедница и затоа се надополнуваме. Не е важно дали некој е возач на автобус, земјоделец или рибар, бидејќи посланието е исто за сите: да сведочат со своите животи, секој да придонесува со она што најдобро го знае. Мирјаните, крстените, се во својата куќа во Црквата и треба да се грижат за тоа – истакнува Папата и додава – Истото важи и за нас, свештениците, посветените лица.
„Ние сме соодговорни во посланието, учествуваме и живееме во заедништвото на Црквата.“
Ватикан њуз/к.мк