Молитвената накана на епископт Стојанов за јануари 2025 година е посветена за мир во светот и примање на јубилејните благодати
Првиот ден од годината Црква го посветува на Богородица и мирот во светот. Ја доверуваме оваа година на Пресвета Богородица, Царицата на мирот, да биде застапничка пред нејзиниот Син за ранетото човештво. Да молиме Богородица да ја слушне нашата молитва и да му донесе мир на светот, особено во земјите кои страдаат од војни. Нека го претвори говорот на оружјето во дијалог, за да се воспостави праведен и траен мир.
Во овој месец и почетокот на Јубилејната година ве повикувам да молиме за обнова на Црквата и примање на јубилејните благодати. Преку оваа благодатна година човекот нека се помири со Бога и со ближниот и нека бидат излечени раните од гревот. Да бидеме ходочесници на надежта и од Христа примениот дар на простување да го пренесеме во нашите семејства и целиот свет.
к.мк