Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за ноември 2024 е посветена за покојните, посебно за оние кои нема кој да моли за нив
Сите ние сме се соочиле со загуба на некој свој близок, познаваме луѓе кои заминале од овој свет – браќа, сестри, други членови на семејството, пријатели, познаници, кои починале. Христијанска должност е да молиме за нив, за покојните од нашето семејство и пријателите, но посебно да молиме за оние кои немаат кој да се моли за нив.
Ве повикувам покрај молитвите кои ќе ги упатите за вашите покојни и ги посетите нивните гробови, посебно ве повикувам да посетете некој гроб кој никој не го посетува и да измолите некоја молитва по ваш избор за душата на тој покојник.
И покрај тоа што смртта е придружник на човекот, сепак го нема последниот збор. Христос умре и воскресна и со својата смрт ја победи смртта. Господ нека ги помилува нашите покојни и нека им дарува вечен живот.
к.мк