Молитвена накана на епископот Стојанов за месец ноември 2025

Молитвена накана на епископот Стојанов за месец ноември 2025

Молитвената накана на епископот Стојанов за ноември 2025 година е посветена на покојните, а гласи:

Во овој месец Црквата ја воздигнува својата молитва кон Бога, изворот на животот и милосрдието за сите верни покојни кои ни претходат во верата и почиваат во надежта на воскресението.

Ве повикувам да молиме за сите наши браќа и сестри кои го завршија својот земски пат: за епископите, свештениците и чесните сестри кои со својот живот и пример ја пренесоа евангелската надеж за Воскресението; за нашите родители, браќа и сестри, баби и дедовци, роднини, пријатели и добротвори, Воскреснатиот Христос нека ги воведе во место светло, каде повеќе нема страданија, ниту жалост, ниту плачење (сп. Откровение 21,4)

Посебно да молиме за оние покојни за кои никој не се моли: за заборавените, напуштените и непознатите души. Светлината на Христовото Воскресение нека ги осветли и нив, за да најдат спокој во прегратката на Оној кој е „Бог на живите“ (сп. Матеј 22,32).

Господи Исусе Христе Ти си „Воскресение и Живот“ (сп. Иван 11,25), прими ги нашите покојни во Твојата љубов, избриши од нив секаков грев и дарувај им живот вечен. Нека почиваат во мир.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот