Молитвена накана: Навестување на Евангелието во Азија

Молитвена накана: Навестување на Евангелието во Азија

Молитвената накана на папата Фрањо за месец ноември е да се молиме за евангелизација, поточно за навестување на Евангелието во Азија.

Највпечатлива карактеристика на Азија е различноста на нејзините народи кои се наследници на старите култури, вероисповеди и традиции – рече Светиот Отец во пригодната видео-порака. На тој континент, каде Црквата е во малцинство, предизвиците се големи.

Треба да промовираме дијалог меѓу религиите и културите – продолжи Папата. Дијалогот е клучен дел од посланието на Црквата во Азија. Затоа да се молиме за христијаните во Азија за да можат да промовираат дијалог, мир и меѓусебно разбирање, посебно со припадниците на другите религии – заклучи Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот