По уривањето на мостот на автопатот со четири ленти во Џенова, парохот на погоденото подрачје Сампиердарена повика на молитва за жртвите од несреќата. Истата вечер парохот, Масимилијано Морети ги повика верниците на света Литургија во црквата Света Зита во Џенова.
Помошниот епископот од Џенова Николо Анселми, исто така, повика на молитва за жртвите и нивните роднини. Тој се надева дека бројот на жртвите нема да биде голем, изјави за католичката новинска агенција СИР кратко по несреќата. Но, бидејќи мостот води до густо населени квартови, треба да се очекува токму најлошото. Тој разговарал телефонски со парохот од погоденото подрачје, рече помошниот епископ Анселми. Поради непристапноста до местото на несреќата тешко е да се направи проценка.
Во несреќата, која се случи попладнето во вторник 14 август, според извештаите на медиумите за време на невремето, се урна еден дел од мостот на градскиот автопат со четири ленти. Досега, повеќе од триесет лица ги загубија животите, а се претпоставува дека има уште луѓе под урнатините. Досега се пронајдени седуммина преживеани.
Ватикан њуз/к.мк