Неговото Преосвештенство митрополит Филип Кочиш од Дебрецен, Унгарија упати писмо со сочувство до епископот Стојанов, до целиот македонски народ и семејствата на загинатите во трагедијата што се случи во Кочани. Сочувството го пренесуваме во целост.
Ваше Преосвештенство,
Ви пишувам за да ви изразам најдлабоко сочувство до Вас и до македонскиот народ за жртвите во несреќата во ноќниот клуб. Трагедијата остави отпечаток на болка и тага кај сите нас. Ве молиме да го пренесете нашето сочувство до семејствата и пријателите на починатите. Во овој момент на голема болка, сакаме да ја изразиме нашата блискост и да ја понудиме нашата поддршка.
Посакувам нашиот Семоќен Бог да ви даде утеха и мир во ова време на големи тешкотии.
к.мк