Дикастијата за промовирање на интегрален човечки развој, во соработка со Ватиканската комисија за Ковид-19, објави видео во кое се собрани различни пораки на Папата до меѓународната заедница поврзани со гладот и заштитата на човечкото достоинство и планетата.
Видеото е резиме на учењата на Папата на тема системи за храна, а причината за објавувањето на видеото е одржувањето на пред самитот на Обединетите нации за системите за храна во Рим, што заврши на 28 јули.
Во видеото се прикажани извадоци од различни говори на Папата низ годините. На пример, вклучен е неговиот говор од 2014 година, кога во седиштето на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) рече дека правото на храна ќе биде загарантирано само кога ќе се справиме со луѓето кои страдаат од глад и неухранетост. Исто така, во 2017 година, на истото место, тој рече дека треба да се сменат начинот на живот, употребата на ресурсите, критериумите за производство и потрошувачка.
Затоа, Папата нагласува дека не е доволно да се произведува храна, туку да се обезбедат одржливи системи за исхрана и да се понуди здрава и достапна исхрана (порака за Светскиот ден на храната 2020 година). Умирањето од глад е еден од најлошите начини за одземање на достоинството. Колку мајки и татковци, дури и денес, легнуваат измачувани со грижата дека утре нема да имаат доволно леб за своите деца, рече Папата на Генералната аудиенција на 27 март 2019 година.
Видеото завршува со апелите на папата Фрањо во кои тој нè потсетува на најсиромашните браќа и на планетата Земја, кои воздивнуваат од неправдата што им ја нанесовме. Тие бараат од нас да се преобратиме, да го промениме патот, да се грижиме за земјата, за создаденото (Геенрална аудиенција, 16 септември 2020 година). Вклучена е и мислата изречена од Папата на Генералната аудиенција на 27 март 2019 година: „Оче, дај ние и сите луѓе да имаме доволно леб. Под „леб“ се подразбира и вода, лекови, дом, работа… „Да се бара она што е неопходно за живот“. На крајот, последната мисла е онаа од кампањата што ја започна Каритас во 2013 година, а Папата на една Генерална аудиенција во 2013 година рече: „Едно човечко семејство, храна за сите“.
Ватикан њуз/к.мк