Мисиска недела 

Мисиска недела 

Мисиска недела е ден за молитва и запознавање со мисиите. Се слави секогаш во претпоследната недела во мeсец октомври, на ист ден во сите епархии, парохии и во целиот свет. Во црковниот календар во воведува папата Пиј XI во 1926 година.

Освен молитва за мисиите и запознавање со мисонерската работа на Црквата верниците се повикани да даруваат и доброволни парични прилози. Со тие средства се помага на луѓето во најсиромашните земји во светот и тоа со: храна, медицинска нега, образование и со навестување на Словото Божјо. Одењето во мисии на мисионерите им дава посебно внатрешно збогатување. Многу мисионери во своите сведоштва признаваат дека многу бргу се навикнале на живот без телевизија, компјутери, понекогаш и без струја, кревети или кров над главата. Но истовремено признаваат како станале многу посреќни, затоа што луѓето кои таму ги среќаваат и со кои живеат им покажуваат дека животот сепак е нешто повеќе. Живот со луѓе кои никогаш не го доживеале „западниот напредок“, но го задржале она што на многумина им недостасува: искреност, едноставности љубов кон животот, па каков и да е.

Најмногу мисионери има во Африка. Токму таму, со оглед на тешките и драматичните ситуации понекогаш мисионерите се единствените кои донесуваат помош со која се спасуваат човечки животи. На Вториот ватикански собор (1962-1965) донесе не Декрет за мисионерската работа на Црквата „Ad gentes“, кој од мисионерите бара да го навестуваат евангелието, водејќи сметка за културата на поедините народи и евангелието да го накалемат на никулците на доброто и вистината, кои Бог ги посеал во одредениот народ пред доаѓањето на христијанството меѓу нив.

к.мк

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот