Во пораката на твитер објавена на 17 јануари 2017 година Папата пишува: „Мирот е „делотворна крепост“, која повикува на ангажман и соработка на секој поединец како и на општеството во целина.“
Папата Фрањо од 12 до 15 јануари оваа година во своите пораки на твитер по повод Светскиот ден на мигрантите и бегалците, кој се одбележи минатата недела, посебно внимание посвети на малолетните бегалци, допирајќи го прашањето на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.
На 16 и 17 јануари во своите пораки на твитер се фокусираше на темата мирот и продолжи со кратки размислувања за тоа што е потребно за негово остварување. Светиот Отец во твитер пораката објавена на 16 јануари 2017 година порача: „Сѐ додека постои барем една единствена човечка личност која се навредува за нејзиниот личен идентитет, нема да има вистински мир,“ а во пораката на твитер објавена на 17 јануари 2017 година пишува: „Мирот е „делотворна крепост“, која повикува на ангажман и соработка на секој поединец како и на општеството во целина.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк