Во годишниот извештај кој го објави агенцијата Фидес се истакнува дека во 2020 година се убиени 20 свештеници, монаси и монахињи и лаици во целиот свет, најмногу во Латинска Америка и Африка.
Меѓу 20 жени и мажи во Црквата се шест мисионери лаици, осум свештеници, три монахињи, монах и двајца богослови. Најопасно било за мисионерите и останатите црковни работници во Америка и Африка – осум од нив, пет свештеници и тројца лаици се убиени во Америка, а во Африка еден свештеник, три монахињи и богослов.
Во Азија во насилство животот го загубија тројца луѓе, во Европа двајца италијански свештеници; во Кома во септемри психички растроен маж го уби свештеникот Роберт Магесини кој се грижеше за бездомници, а во декември во сицилијанскиот град Рипосто отец Леонардо Грасо го загуби животот во пожар подметнат во центарот за зависници. (…)
Во последните 20 години во целиот свет се убиени 535 пасторални работници, меѓу нив пет епископи, се наведува во извештајот со долгиот список на христијани прогонети во светот, кој заради својата вера се злоупотребувани, дискриминирани и прогонети. Папата Фрањо редовно потсетува дека бројот на денешниот жртви од прогонот на христијаните го надминува бројот на оние во првата Црква. И минатата година во светот имаше безброј киднапирања и напади на христијаните меѓу земјите се истакнуваат Нигерија и Пакистан.
Во септември пак е објавен извештајот за црковните работници кои ги загубиле животите во борбата против пандемијата со коронавирусот. Советот на европски епископски конференции наведува дека во годината на коронавирусот грижејќи се за болните починаа стотина свештеници и монаси, болнички капелани и медицински работници и истакнува дека таа е најголемата група погодена после лекарите – само свештениците се 400.
Земји со најголем број на духовници кои починале помагајќи им на заболените се Холандија – 181 (главно стари монаси), Италија 121, и Шпанија со 70 жртви. Во Полска починаа 10 свештеници, во Белгија 5, како и во Украина и во Ирска по тројца, во Австрија четири. Статистиката ги вклучува податоците од 38 епископски конференции во Европа.
Ватикан њуз/к.мк