За патер Федерико Ломбарди „најубавиот аспект” од понтификатот на папата Фрањо „се сите оние говори и зборови за милосрдието, љубовта на Бог, прифаќањето на другите и простувањето”.
Исусовецот и долгогодишен Генерален директор на Радио Ватикан во емисија за Роме Репортс се сеќава на своето служење и 10 годишно искуство како раководител на Ватиканскиот прес-центар.
Отец Ломбарди споменува за „спонтаноста” на Папата. „Требаше брзо да научам да го разбирам овој аспект на папата Фрањо, неговото претпочитање за импровизацијата која изразува спонтаност и успева да воспостави директен дијалог меѓу него и публиката”, истакнува отец Ломбарди.
„Сега, со можностите кои се нудат преку социјалната мрежа Твитер и распространување на слики и пораки преку електронска пошта можат да се добијат ажурирани информации во реално време. Тоа е нешто апсолутно нормално и потребно за развој на оној кој живее во областа на информациите”, појаснува отец Ломбарди, кој во моментов е шеф на Фондацијата „Јозеф Рацингер – Бенедикт XVI”.
Отец Ломбарди зборува и за повлекувањето на Бенедикт XVI од Петровиот Престол што го опишува како највпечатлив настан во неговата кариера. „Би рекол дека повлекувањетона Бенедикт XVI беше највозбудливиот настан. Беше најиновативен историски настан, за кој требаше да зборувам”.
Зенит/к.мк