Милион верници ќе молат Бројаница долж полската граница

Милион верници ќе молат Бројаница долж полската граница

Иницијативата „Бројаница на границите“: „Веруваме дека ако милион Полјаци молат Бројаница на границите на нашата земја, тоа нема само да го промени текот на сегашните настани, туку ќе ги отовори срцата на нашите сонародници за Божјите милости.“

Полските епископи ја поддржаа иницијативата „Бројаница на границите“ која сака да ги собере верниците на 3000 километри колку што е долга копнената граница на таа земја за да се моли за спасение на државата и народот, јавува британскиот Catholic Herald.

Организаторите на иницијативата очекуваат дека на молитвата со која исто така сака да се одбележи и завршетокот на 100 годишнина од објавата во Фатима, ќе учествуваат околу милион луѓе.

Масовната Бројаница треба да се одржи на 7 октомври, на празникот Пресвета Богородица од Бројаницата и годишнината од победата на христијанската флота над турската во познатата битка кај Лепант на 7 октомври 1571 година. Победата се препишува на молитвата Бројаница на која било повикано целото христијанство од тогашниот папа свети Пио V.

„Веруваме дека ако милион Полјаци молат Бројаница на границите на нашата земја, тоа нема само да го промени текот на сегашните настани, туку ќе ги отвори срцата на нашите сонародници за Божјите милости“, порачаа организаторите на својата интернет страница.

Полската бискупска конференција го поддржа предлогот и во соопштение ги поттикна верниците да одговорат на иницијативата:

„Ги молиме сите верници да се придружат на ова иницијатива. Да молиме сите заедно: свештеници, посветени лица, верници лаици, возрасни, млади и деца,“ стои во соопштението во кое на молитва се поттикнуваат и оние кои не се во физичка можност да дојдат на границата: „Семејствата можат да молат во своите домови, болните во болниците, а парохиските заедници во своите цркви.“

Битно.нет/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот