Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за јуни 2024 е посветена на мајките и татковците
Во месечната молитвена накана за месец јуни 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов повикува на молитва за родителството, за мајките и татковците
Криза на верата е предизвикана од кризата на мајките и и татковците. А кризата на родителството, мајчинството и татковството, е и криза во одговорноста, автортиетот и одлучувањето, додека пак изворот на сите тие кризи е отсуство на светотаинскиот живот.
Родителите на Мојсеј, Амрам и Јохавед ни даваат поучна лекција за верата, храброста и довербата во Божјиот план. Нивната одлучност да преземат ризик по своите животи за да го спасат својот син и нивната непоколеблива вера во Божјиот наум, донесуваат изобилни плодови и го обликуваат текот на историјата на Изарелскиот народ. Но тоа било возможно затоа што имале близок однос и доверба со Бога.
Во овој месец да упатиме молитви за застапништво на свети Јосиф, грижителот на светото семејство. Преку неговото застапништво Господ Бог нека им подари благодат на мајките и татковците да градат близок однос со Бога преку светотаинскиот живот за да можат храбро, со доверба во Бога при воспитувањето на своите деца да одлучуваат секогаш во корист на верата и со целосна доверба во Божјиот спасителен план да го обликуваат текот на историјата.
к.мк