Извидници од местото Фолињо во Умбрија и првопричесниците и миропомазаници од Римската парохија Свети угандански маченици ги напишаа медитациите за 14 постојки на Крстниот пат со папата Фрањо.
Слики кои ќе бидат прикажани на големите екрани на Плоштадот Свети Петар, на кој Папата и оваа година ќе ја предводи побожноста, се дело на млади луѓе од два римски дома за напуштени деца, државен и црковен.
Групата извидници од Умбрија ја сочинуваат 145 млади момчиња и девојки на возраст од 8 до 19 години ги напишаа текстовите засновани врз нивното секојдневно искуство. Парохијата Свети угандански маченици во римската област Ардеатино е посебно посветена на лицата со попреченост и управува со дом за бездомници и дом за мајки со деца изложени на насилство.
Во 2018 година, Папата го предводеше Крстниот пат, за кој текстовите ги напишаа ученици и студенти од Рим.
Ватикан њуз/к.мк