За време на викендот во Париз се одржа голем марш за живот. Според извештајот на “Breitbart”, учествувале околу 40.000 луѓе, многу од нив млади луѓе. Портпаролот на маршот, Викторе де Губернатис, има само 25 години. Меѓу учесниците се наоѓаа свештеници, монахињи и епископи и на тој начин Католичката црква ја искажа поддршката на Маршот за живот (March pour la vie).
„Ние сме креативно малцинство и проповедаме во пустината”, рече бискупот Марк Ајле, кој ги спореди чуварите на животот Иван Крстител.
Во Франција, медиумите речиси целосно го негираа покривањето на овој голем настан, додека во исто време протестот на десетина Фемен демонстрантки медиумски беше масовно експлоатиран.
катнет/к.мк