Регионалната конференција на Каритас Европа, која што требаше да се одржи во Андора, поради пандемијата со Ковид-19 оваа година се одржа виртуелно од 11-12 мај. На онлајн конференцијата учество зедоа претставници на националните Каритас организации од Европа, разни црковни институции и други НВО. Од страна на Македонски Каритас учество зедоа дон Паво Шекерија, директор и Спасе Спасов, координатор.
На регионалната конференција беше претставена стратешката рамка на Каритас Европа 2021-2028 година, а исто така имаше сесии посветени на новата енциклика на папата Франциск ‘Fratelli Tutti’, како и на предизвиците и можностите за Каритас во светло на пандемијата со Koвид-19.
Следната Регионална конференција на Каритас Европа 2022 ќе се одржи во Атина.
Ватикан њуз/к.мк