Македонски Каритас продоложува да помага на најранливите категории

Македонски Каритас продоложува да помага на најранливите категории

Од опасноста од зараза со коронавирус опфатено е целото општеството, тука влегуваат и хуманитарните делувања и активности. Како хуманитарна организација Македонски Каритас следејќи ги правилата и упатствата од релевантните државни институции и црковни власти, направи промена во својот начин на делување.

Како и досега Македонски Каритас во своите рамки и можности ќе се обиде да им излезе во пресрет на најпотребните, тука имајќи ја во предвид најранливата категорија на граѓани: старите, болните, осамените, сиромашните, придржувајќи се до донесените мерки од Владата.

Македонски Каритас останува присутен и во ТЦ Табановце, помагајќи на мигрантите и бегалците кои се наоѓаат затекнати во овој транзитен центар.

Директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија изрази братска и молитвена близина до дон Франческо Соду, директор на Италијански Каритас, кој во овие тешки моменти за таа земја, на различни нивоа продолжува да помага на оние во потреба.

Македонски Каритас ги повикува сите граѓани строго да се придржуваат до донесените мерки за заштита на здравјето едни на други и спречување од ширење на Коронавирусот. Да им се јавиме преку телефон на старите и осамените, да ги охрабриме, да им покажеме грижа, одговорност и дисциплинираност.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот