Папата Фрањо именува нов заменик командант на швајцарската гарда. Лоик Росиер го замени Филип Морар, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол на1 јануари 2022 година.
Лоик Марк Росиер, роден е во 1990 година, оженет и служел во Папската гарда од 2012 до 2014 година. Потоа се вратил во Швајцарија, каде што работел во армијата, во приватна служба за безбедност и на крајот во кантоналната полиција Вауд, стои во соопштението на гардата.
Новиот заменик командант, кој е роден во Лозана, исто така беше вклучен во здружението на поранешните Папски швајцарски гардисти во делот „Леманија“, кое го избра за претседател во 2019 година.
Како заменик командант, Росиер ќе го придружува Папата како телохранител во Ватикан, Рим и на патувања во Италија и во странство.
Гарда има и нов офицер за медиуми: на 1 јануари 2022 година, Мануел фон Даникен ќе ја преземе функцијата од поручникот Урс Брајтенмозер, кој сега може целосно да се посвети на задачата на ескадрилата.
Командант на Папската швајцарска гарда од 2015 година е Кристоф Граф. Традиционалната армија на Папата е основана во 1506 година и моментално има 135 гардисти.
Ватикан њуз/к.мк