Лекарите на Светиот Отец: Папата реагира на терапијата, но сè уште не е надвор од животна опасност

Лекарите на Светиот Отец: Папата реагира на терапијата, но сè уште не е надвор од животна опасност

На прес-конференцијата во болницата Гемели во Рим, членовите на медицинскиот тим на Папата велат дека тој се уште не е надвор од животна опасност и дека ќе биде во болница најмалку уште една недела – но забележуваат дека се шегува како и обично, па дури и повторно почнал да работи.

Папата Фрањо не е „во животна опасност“, но и не е целосно „надвор од животна опасност“, рекоа членовите на неговиот медицински тим.

На прес-конференција во болницата Гемели во Рим, д-р Серџо Алфиери, шеф на тимот што се грижи за Папата и д-р Луиџи Карбоне, заменик-директорот на ватиканската здравствена служба, зборуваа четириесет минути пво просторија полна со новинари.

Двајцата истакнаа дека веруваат дека Папата ќе биде хоспитализиран „барем“ цела следната недела.

Д-р Алфиери нагласи дека Папата не е прикачен на вентилатор, иако сè уште се бори со дишењето и, следствено, со ограничени физички движења.

Сепак, рече лекарот, Папата седи исправено на стол, работи и се шегува како и обично. Алфиери рече дека кога еден од лекарите го поздравил Папата велејќи му „Здраво, свети оче“, тој одговорил со „Здраво, свети сине“.

На новинарско прашање кој е нивниот најголем страв, лекарите забележале дека постои ризик бактериите во респираторниот тракт на Папата да влезат во неговиот крвоток, предизвикувајќи сепса.

Д-р Алфиери, сепак, рече дека е уверен дека папата Фрањо ќе ја напушти болницата во одреден момент и ќе се врати во Домот Света Марта во Ватикан – со тоа што, неговите хронични респираторни проблеми ќе останат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот