Лакроа: Римската курија не е царина, туку служење на Црквата

Кардинал Лакора за Радио Ватикан говореше за тоа што значи да си во служба на папата и Римската Црква

Говорејќи за тоа за Радио Ватикан, кардиналот Геролд Ципријан Лакроа, надбискуп на Квибек во Канада, истакна дека веќе на конгрегациите пред конклавата беше изразена голема желба за реформа. Папата затоа одговара на таа желба и се гледа дека сриозно ја има земено во предвид; работи со советот од девет кардинали, но се советува и со управителите на конгрегациите како и со бројни други лица.

На новинарското прашање каков би требало да биде идентитетот на Римската Курија, кардиналот истакна дека тоа, пред сѐ треба да биде служење на Светиот Отец за да му се помогне во неговото послание. Но и служење на посланието на општата Црква, како и на локалните Цркви. Папата вели дека да се влезе во Римската Курија не значи извршување на царинска служба. Куријата треба да и помогне на Црквата во остварувањето на нејзиното послание, истакна кардиналот Лакроа.

Светиот Отец инсистира на сведочење, на давање вистинско христијанско сведоштво. Тоа не се однесува само на оние што се на терен, насекаде по светот, туку токму на Куријата, на лицата кои работат во Куријата, на најблиските соработници на Светиот Отец. И тие треба да ни дадат сведоштво на христијански живот; Папата тоа го истакна повеќе пати, истакна кардиналот. Ќе треба да се совлада кариеризмот и желбата за власт. Папата сака најпрво да се мисли на посланието, а дури потоа на организацијата. Затоа за оваа реформа е многу важно да бидеме повеќе ученици мисионери, како што Светиот Отец често вели, и како стои во неговото Апостолско писмо „Evangelii gaudium“, рече кардиналот Лакроа.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот