За време на аудиенцијата со кардиналот Марчело Семераро, Папата одобри декрети за мачеништво и херојски крепости на тројца Божји слуги.
На 22 мај 2025 година, Лав XIV го прими на аудиенција во Ватикан префектот на Канцеларијата за прогласување светци и го одобри објавувањето на три декрети.
Меѓу одобрените декрети е и признавањето на жртвата на двајца Божји слуги кои починаа во Еквадор на 21 јули 1987 година. Алехандро Лабака Угарте (отец Мануел) од Редот на малите капуцински фратри, апостолски викар на Агуарико, роден е на 19 април 1920 година во Баишаме (Шпанија), починал на 21 јули 1987 година во регионот Тигино (Еквадор).
Агнес Аранга Веласкез (сестра Марија Ниевес де Меделин), монахиња од Конгрегацијата на капуцинските терцијарни монахињи на Светото семејство. Родена е на 6 април 1937 година во Меделин (Колумбија). Таа го даде своето мачеништво со епископот Лабако Угарте на 21 јули 1987 година во регионот Тигино (Еквадор).
Папата, исто така, ги призна херојските крепости на Божјиот слуга Метју Мекил, прв апостолски викар од Катајама (Индија) и основач на Конгрегацијата на сестрите на Благовештението на Пресвета Дева Марија. Роден е на 27 март 1851 година во Манџурија (Индија) и починал на 26 јануари 1914 година во Катајама.
Ватикан њуз/к.мк