Куманово: Духовна обнова за свештениците

Куманово: Духовна обнова за свештениците

На 31 мај 2017 во Куманово се одржа духовна обнова за свештениците од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија. На духовната обнова присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија. Наговор одржа протојереј ставрофор о. Георге Трајков на тема „Светата Литургија составен дел во молитвениот живот на свештеникот“.

По наговорот следуваше дискусија, а пред Светата Литургија која ја предводеше бискупот Стојанов, свештениците имаа можност за света Тајна Исповед.

Духовната обнова заврши со агапе организирано од парохот Томаш Бак со верниците од парохијата во Куманово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот