Крижевскиот епископ монсињор Милан Стипиќ на 20 март 22025 година упати сочувство до епископот Стојанов, свештенството, монаштвото и целиот македонски народ за трагедијата во Кочани.
Во неговото писмо со сочувство истакнува дека тој настан сите ги потресе и во Крижевската епархија, која негува многу блиски односи со епархијата и бискупијата во Македонија, како и со целиот македонски народ.
Во негово лично име и во име на целиот клер и монаштво, богослови и верници на Крижевската епархија изразува искрени чувства на христијанско сочувство за сите починати. Тој ја ветува молитвената поддршка, како за настраданите, така и за оние кои се борат за животот, за нивните семејства и најблиските чии страдања, солзи и плач им ги кршат човечките срца.
На крајот од писмото со сочувство монсињор Стипиќ моли да ги застапува Мајка Божја Жалосна, чие срце беше прободено и кое најдобро ја разбира болката која денес е присутна, а драгиот Бог да го сочува единството, слогата и силата – стои во сочувството на Крижевскиот епископ Милан Стипиќ.
к.мк