Конгрегацијата за наука на верата во втроник 22 септември 2020 година објави писмо со наслов „Samaritanus bonus” во кое се истакнува дека евтаназијата и потпомогнатото саммоубиство и понатаму се етички забрането.
Евтаназијата и потпомогнатото самоубиство се постапки кои ги пречекоруваат етичките и правните граници на самоопределување, се истакнува во документот „Samaritanus bonus”, во кој истовремено се критизира несраземрната и дехуманизирачката употреба на технологијата, посебно во криричните моменти од животот.
Постапките со кои се скратува живот се знак на култура на отфрлање и не ги решаваат проблемите на смртно болните пациенти, се предупредува во документот од 23 страници кои го потпиша перфектот на Конгрегацијата за наука на верата Луис Ладарија Ферер и секретарот на Конгрегацијата надбискупот Џакомо Моранди. Писмото го истакнува неотуѓивото право на достоинството на човечкиот живот и во неговата крајна етапа на страдање и смрт.
Болката и смртта не можат да бидат конечен критериум според кој се мери човечкото достоинство. Во сложениот здравствен систем постои опасност односот на лекарот и пациентот да се сведи на технички и договорни аспекти. Тоа посебно е случајот во земјите во кои евтаназијата и потпомогнатото самоубиство се легализирани – се предупредува во писмото од Конгрегацијата за наука на верата.
Во документот се истакнува дека желбата на тешко болните за прекин на животот всушност е повик за помош и љубов и на нега на кој треба да се одговори со подршка и грижа. Зад желбата за смрт стои и неизлечивата болка, недостаток на човечка и христијанска надеж и недоволна психолошка и духовна грижа – се напоменува во писмото.
Понатаму се критизира актуелниот општествен однос кон страдањето, тесно сфаќање на квалитетот на живот и погрешно сфаќање на сочувството. Тука е и индивидуализмот кој другиот го гледа како товар. Стравот од болка и смрт се главните причини за желбата за контролирање и одредување кога да „дојде смртта“.
Светите Тајни Исповед и Елеопомазание на болните не се достапни на оние кои се одлучиле за евтаназија или потпомогнато самоубиство, но потребно е да се придружуваат тие луѓе како би се отворил патпо за пристапување на светите Тајни.
Писмото се темели на соопштение на Конгрегацијата од 1980 година, како и на документите на свети Иван Павле II. но и изјави на папата Фрањо кој постојано ја критикува културата на отфрлање во односот кон болните и слабите, оние кои немаат пристап до нега како и за новите ставови за индивидуалистичко самооткупување.
Ватикан њуз/к.мк