Конго: 400 илјади деца до 5 години сериозно неухранети

Конго: 400 илјади деца до 5 години сериозно неухранети

Според податоците на УНИЦЕФ, најмалку 400.000 деца до пет години кои живеат во провинцијата Касаи во Демократска Република Конго стрaдаат заради акутна неисхранетост и ако не им се овозможи итна спасоносна грижа и здравствена и прехраnбена интервенција, би можеле да умрат во 2018 година.

Таа катастрофална ситуација ја предизвика насилството, масовното раселување и намалувањето на земјоделското прозиводство во изминатите 18 месеци.

Додека во некои делови од тој регион безбедносните услови се стабилизирани, а раселеното население започна да се враќа во своите домови и заедници, хуманитарните услови и понатаму се критични. Повеќе од 750.000 деца на тоа подрачје страдаат заради акутна неисхранетост, додека 25 здравствени центри во регионот Касаи се наоѓаат во ситуација на прехранбена криза, што го надминува прагот на итност.

Прехранбената криза и несигурноста во регионот Касаи се должи на раселувањето на илјадници семејства кои со месеци живееле во многу тешки услови – изјави Тајхудин Ојевале, привремен претставник на УНИЦЕФ за Демократска Република Конго и продолжува: Реалната слика за проблемот станува појасна со враќањето на луѓето во нивните домови на подрачјата во кои се подобрени безбедносните услови, а здравствените служби повторно започнаа да работат.

Насилството и раселувањето на 1.4 милиони луѓе од регионот Касаи доведе до недостаток на храна: две третини од семејствата не можат да ја обработуваат својата земја. Големата прехранбена несигурност моментално погодува голем дел од регионот, а подобрување не се очекува пред јуни 2018 година, затоа што минатогодишната сеидба не успеа. Семејствата немаат многу што да соберат, а за продажба нема апсолутно ништо.

Здравствените структури се опустошени, отежнувајќи го лекувањето и давање помош на сериозно сиромашните деца. Околу 220 здравствени центри се уништени, опљачкани или оштетени, доведувајќи со тоа слабеење на системот за  здравствени услуги, а опасноста од ширење на заразни болести како што се малите сипаници е зголемена.

Да им се загарантира на оние кои се враќаат пристап до здравствените и основните прехранбени услуги е клучно за да им се помогне на сиромашните деца да преживеат и да напредуваат – рече Ојевале. Додаваме на крајот дека од јануари 2017 година УНИЦЕФ заедно со своите партнери обебзеди прехранбена терапија за повеќе од 50 илјади деца на возраст од 6 месеци до 5 години во регионот Касаи, кои страдаат заради акутна неихранетост. Меѓутоа прими само 15% од неопходните средства за да одговори на прехранбените потреби на децата во 2017 година.

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот