Кога говорот ќе замолчи, зборува Бог

Кога говорот ќе замолчи, зборува Бог

Еден службеник изразил чудење до претседателот на една држва заради тоа што успева да заврши со приемот на странките во многу краток рок, а нему тоа не му успева. Тоа е затоа што зборувате – му возвратил претседателот. Во Посланието од Јаков може да се најде потврда за тоа дека слушањето има предност пред зборувањето: И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување (Јаков 1,19). Но може и погрешно да се слуша. Некој може да мисли дека ги слуша другите, а всушност се слуша само себе и своето мислење. Исус затоа предупредува дека и слушањето треба да се преиспитува: Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има“ (Лука 8,18). Посебно кога од другата страна е некој со друго мислење, друга политичка партија, човек со кого сме во конфликт….

Не се слуша само со ушите. Во слушањето е вклучено и срцето, а во него се свеста и потсвеста, волјата, мислите, чувствата, внатрешните рани, искуства од минатото, претпоставките за другите… Сето тоа блијае на расположението и способноста на слушање. Слушањето затоа треба да биде упатено не само кон соговорникот, туку и кон слушателот. Додека се слуша другиот, треба да се наслушнува состојбата во себе. За слушање е потребна љубов. Поинаку се слуша саканата личност, а поинаку личноста која не ја поднесуваме. Треба да се сака за да се слуша. Не е доволно само да се чуе нечиј зборови, потребно е да наслушнуваат и намерите.

Некој човек загрижен за својата ситуација во семејството, отишол кај познат духовник за да побара совет. Овој со сослушал, а потоа му кажал: Треба да се научиш да ја слушап својата жена. Човекот го прифатил советот, а после месец дена се вратил кај духовникот и му кажал дека внимателно го слушал секој збор, кој го изговорила жената. На тоа духовникот се насмејал и рекол: Сега врати се дома и слушај го секој збор кој жената нема да го изговори. Исус умеел да слуша: По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува; 47сите што Го слушаа, беа восхитени од остроумноста и од одговорите Негови! (Лука 2,46-47).

Филозофот Кјеркегор со пример покажува дека треба да се расте во молитвата како подарено време за слушање: Како мојата молитва стана сè повеќе внатрешна и сè повеќе поклонување, така имав потреба сè помалку да зборувам. На крајот потполно замолчев. Станав, ако може така да се каже, најголема спротивност на говорот, слушач. Прво мислев дека да се моли значи да се зборува, а научив дека не е само да се молчи, туку да се слуша. Тоа е тоа: Молитвата не значи да се слушаш самиот себе. Молитвата значи да се затиши, замоличи и да се чека сè додека не го слушнеш Бог.

gk/к.мк

Фото:Shutterstock

Категорија: Вера, Духовност

За авторот