Во пресрет на пристигнувањето на Папата, кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изрази уверување дека Светиот Отец ќе има многу пораки за оние на кои им е потребна. Во интервју за Радио Ватикан, тој изрази благодарност за посетата на папата Фрањо.
Доаѓањето на Папата во Кипар е историска посета, изјави кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, кој е на таа функцијаод 2013 година.
Зборувајќи со Кристине Сеус, новинарка на Радио Ватикан, претседателот на Кипар рече дека пристигнувањето на Папата испраќа многу пораки на солидарност до оние кои страдаат, вклучително и оние кои имаат потреба и се под окупација.
„Ова е многу важно“, рече претседателот, „му благодариме на Светиот Отец за неговата одлука да го посети Кипар“.
Ватикан њуз/к.мк