Католичките заедници во Кина ги здружија силите за да соберат донации за да им помогнат на 50.000 луѓе кои останаа без покрив над главата во Тибет по разорниот земјотрес кој го зафати Тибет.
Земјотресот што ги погоди округот Дингри и областа Шигатсе во кинеската област Тибет на 7 јануари 2025 година беше со јачина од 6,8 степени (7,1 степени според Рихтеровата скала), според кинескиот центар за следење на земјотреси. Се смета дека е еден од најлошите земјотреси што го погодиле регионот на Хималаите во последните 100 години. Земјотресот зад себе остави тешки последици. Повеќе од 120 луѓе загинаа, над 330 беа повредени, а околу 50 000 луѓе останаа без своите домови. Десетици илјади куќи беа уништени или оштетени. Екипите за пребарување и спасување неуморно работат на теренот во Тибет, помагајќи им на преживеаните да ги пронајдат своите работи и најблиските под урнатините по разорниот земјотрес.
Изрази на солидарност и загриженост пристигнаа од целиот свет. За време на својот говор пред претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Светиот Престол на 9 јануари 2025 година, папата Фрањо изрази сочувство и молитви за жртвите од земјотресот, додека кинеските власти известуваат дека повеќе од 400 луѓе се уште се заробени под урнатините. Протераните Тибетанци кои живеат во Индија и Непал ја изразија својата поддршка со бдеење со свеќи за оние кои ги загубија животите. Овој гест на симболично заедништво ја одразува длабоката поврзаност на тибетската заедница со нивните предците и погодените семејства.
Бдението, исполнето со молитви и тивка контемплација, беше одржано за да им се оддаде почит на оние кои ги загубија животите и да им се понуди поддршка на оние кои останаа без домовите и најблиските. Собирот дополнително ја зајакна пораката за глобална солидарност и надеж за обнова и закрепнување на погодениот регион.
На теренот во Тибет, кинеските католички заедници започнаа иницијативи за солидарност за да обезбедат помош на оние на кои им е потребна. Бискупијата во Пекинг упати апел во кој нагласува дека, среде Јубилејната година и божиќниот период, можеме да ја искористиме можноста да се потсетиме на зборовите Господови: „Што и да направивте за еден од овие мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.“
Сите парохии во Пекиншката епархија се повикани да собираат донации за поддршка на жртвите од земјотресот. Хуманитарната организација на Пекиншката бискупија наречена „Божествено милосрдие“ ќе ги распредели собраните средства. Во духот на неодамна започнатата Јубилејна година на надежта, бискупијата Шанту се приклучи кон апелот до католичките заедници ширум светот да соберат средства за помош.
Локалните организации кои ја координираат помошта од Шангај објавија дека меѓу првите донации имало сума од 500.000 јуани (околу 66.000 евра) донирана од Шангајската епархија.
Ватикан њуз/к.мк