Кардинал Паролин ја заврши посетата во Хрватска

Кардинал Паролин ја заврши посетата во Хрватска

Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, на 31 октомври ја заврши својата посета на Хрватска.

„Молитвата треба да биде во центарот на животот на свештеникот и оние кои се подготвуваат да станат, како што била во центарот на Христовиот живот, им порача кардинал Паролин на богословите со кои се сретна во Надбискупската богословска семинарија. Во проповедта на литургиското славење во богословската капела истакна дека апостолатот бара, и не треба да се штедите во служењето на ближниот. „Но, свештеникот иако е премногу оптоварен со многу пасторални обврски, не смее никогаш да го заборави важното: да се посвети на внатрешноста, во интимност со Бог.“ На секој богослов, кардиналот му подари Бројаница од папата Фрањо.

На средбата со претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, државниот секретар на Светиот Престол, ја истакна улогата на Република Хрватска во промовирањето на стабилноста и европските перспективи од државните од југоисточното соседство. Двете страни изразија загриженост за положбата на хрватскиот народ во Босна и Херцеговина, истакнувајќи ја потребата за еднаквост на сите три констутивни народи за да се обебзеди опстанок на Хрватите во БиХ.

На средбата со претседателот на владата Андреја Пленковиќ и високиот ватикански претставник, станало збор за билатералните односи и соработката на Хрватска и Светиот Престол.

На средбата со преставниците на верските заедници во Република Хрватска, кардинал Паролин ги пренесе поздравите на папата Фрањо. Собраните ги охрабри да продолжат со почитување и искреност да градат дијалог. Зборуваше за важноста на верската слобода како основно загарантирано право. Зборувајќи пак за важноста на дијалогот помеѓу религиите, кардинал Паролин потсети дека Католичката Црква на Вториот ватикански собот се одредува како Црква на дијалогот.

Државниот секретар на Неговата светост во седиштето на Хрватската бискупска конференција се сретна со хрватскиот епископат предводен од загребскиот надбискуп кардинал Јосип Бозаниќ и претседателот на Хрватската бискупска конференција, надбискупот Желимир Пуљиќ. На средбата присуствуваше и Апостолскиот нунциј во Република Хрватска надбискупот Џузепе Пинто. Посебен впечаток оставија зборовите: „Голема вера во Божјата провидност, придружена од љубовта кон сите, па и кон непријателите, му дава на блажениот Степинац сила со херојски дух да се соочи со тешката казна која му е пресудена. Со таа иста сила која доаѓа одзгора црпеле блескави примери на светост во Црквата во Хрватска, како и мачениците во секое време и место.“ Хрватските бискупи ги охрабри во нивното послание, порачувајќи им дека на нив е чувањето и зацврстувањето на богатото наследство, бидејќи христијанскиот идентитет на Хрватска не е само минато и сегашност, туку и иднина.“

На 30 октомври 2017 година, покрај гробот на блажениот Степинац во заедништво со бискупите и голем број свештеници, кардинал Паролин го предводеше евхаристиското славење. На почетокот на проповедта рече: „За мене е посебен дар да бидам на светото место кое го чува не само гробот на блажениот Алојзие Степинац, туку и живиот спомен на неговото сведоштво на верата, служењето на вистината, себедарувањето, сѐ до мачеништво за Евангелието и за Црквата. Заедно со блажен Алојзие овде го чествуваме и споменот на неговите чесни наследници, чии земни остатоци почиваат во ова катедрала, слугата Божји кардинал Фрањо Кухариќ и заслужниот кардинал Фрањо Шепер, поранешен префект на Конгрегацијата за наука на верата.“ Следејќи ја желбата на Папата за „Црква која излегува“, продолжи кардиналот, нашите локални Цркви се повикани да бидат во близина на секој, да го зафатат секој облик на периферијата, градејќи копнеж за Бог кој во својата неисцрпна добрина и милосрдие прв нѐ зафаќа и нѐ прави Црква. Кардиналот потсети дека историјата на христијанството е полна со добри самарјанци, но близината на оние во потреба не е секогаш во центарот на животот на верникот.

По литугиското славење, кардинал Паролин долго се задржа во молитва на гробот на блажен Алојзие Степинац.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот