Кардинал Паролин: Папата никогаш не престанал да ја води Црквата

Кардинал Паролин: Папата никогаш не престанал да ја води Црквата

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, државниот секретар на Ватикан нагласи дека и во најтешките денови од болеста, папата Фрањо продолжи да ги исполнува своите должности и да ги донесува потребните одлуки.

Кардиналот Паролин забележува дека Папата останува поглавар на Црквата и носи важни одлуки, иако поради здравствената состојба е принуден да ги редуцира активностите. Периодот на хоспитализација и опоравување влијаеше на времетраењето и интензитетот на неговата работа, но не го запре процесот на управување со Светиот Престол.

Кардиналот Паролин исто така нагласува дека ватиканските дикастерии можат да извршуваат многу рутински должности без консултација со Папата, водејќи се од претходно добиените упатства и прописи.

Активностите на кои папата Фрањо посвети вниманието за време на неговата хоспитализација беа само оние за кои „тој и само тој“ можеше да одлучи. Што се однесува до работите од надлежност на ватиканските дикастерии, тие одлучуваат во име на Папата во согласност со неговите претходни упатства. Патем, оваа шема на црковно владеење функционира и во нормални услови.

Еден пример за делегирање овластувања е процесот на канонизација. Кардиналот Паролин забележува дека иако Папата е тој што ја изговара формулата за канонизација, доколку е потребно, тој може да овласти соработник, како што е кардиналот Марчело Семераро, префект на Дикастеријата за прогласување светците, да ја изговори во негово име.

Државниот секретар нагласува дека во моментот е најважно одморот и рехабилитацијата на Папата. Двомесечниот период на намалена активност „во споредба со претходниот ритам“ треба да помогне во подобрување на неговото здравје за да може целосно да ја продолжи својата служба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот