Кардинал Паролин: Папата Лав XIV повикува на дипломатија на средба

Кардинал Паролин: Папата Лав XIV повикува на дипломатија на средба

Кардинал Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, во Обединетите нации истакна дека изборот на новиот папа претставува „прилика за обнова… за сите кои бараат свет со поголема правда, солидарност и мир“.

„Изборот на нов Папа е повод за обнова, не само за католиците, туку и за сите кои се стремат кон свет на поголема правда, солидарност и мир“, им порача кардиналот Пјетро Паролин на присутните на приемот во Обединетите нации по повод изборот на папата Лав XIV.

Државниот секретар на Светиот Престол посочи дека новиот папа „нè повикува да прифатиме дипломатија на средба… дипломатија што слуша со понизност, дејствува со сочувство и, пред сè, го бара општото добро“.

Истовремено, тој ја потврди заложбата дека Светиот Престол, под водство на папата Лав, ќе соработува со претставниците на народите до светот „за да го промовира човечкото достоинство, да ги заштити ранливите и да изгради мостови таму каде што, инаку, би можела да владее недоверба“.

Дипломатија заснована на мир, правда и вистина

Кардиналот Паролин ја нагласи нивната „витална“ улога „во ткаењето на ткаенината на меѓународната соработка“ и подвлече дека „визијата“ на папата Лав се поклопува со нивната посветеност да даваат предност на „дипломатска активност заснована на столбовите на мирот, правдата и вистината“.

Светиот Престол, исто така е посветен на вистината и правдата, ќе продолжи да го нуди својот морален глас во одбрана на сиромашните и оние во потреба, како и во потрагата по мир и интегрален човечки развој.

Државниот секретар изрази надеж дека дипломатите ќе можат да „одговорат на повикот на Светиот Отец“ и да станат „сејачи на мирот“.

По благословот на присутните, нивните семејства и народите што ги претставуваат, кардиналот Паролин ги повика „заедно да продолжат напред, вдахновеи од надежта и визијата на папата Лав“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот