Во пресрет на одењето на папата Фрањо во Будимпешта и Словачка државниот секретар на Светиот Престол кардиналот Пиетро Паролин во разговор за Ватикан њуз рече дека Папата во богородичното светилиште Шаштин на Пресвета Богородица ќе ги довери сите оние кои се наоѓаат во тешки ситуации.
Кардиналот Пиетро Паролин истакна меѓу останатото дека тоа е двојно апостолско патување кое самиот Папа го најави по враќањето од Ирак, наведувајќи дека тоа е родено од молитвата и желбата. Говорејќи за Ватикан њуз државниот секретар на Светиот Престол нагласи дека ходочастие во Националното светилиште Шаштин во Словачка ќе биде „ходочастие кое се одржува по операцијата на Папата, затоа во одредена смисла тоа ќе биде благодарност на Пресвета Богородица за успехот на таа операција.“
„Во текот на интервјуто по враќањето од Ирак самиот Папа ја изрази својата желба и накана која како што често се случува со патувањата се родила, како што рече, од молитвата. Желбата и намерата му биле да отиде да предводи на завршната света Литургија на Меѓународниот евхаристиски конгрес во Будимпешта, кој веќе беше одложен заради Ковид-19, а потоа со оглед на близината и да ја посети Словачка“, рече кардиналот Паролин.
На прашањето какви плодови очекува од Меѓународниот евхаристиски конгрес, кардиналот Паролин истакна дека евхаристиските конгреси се прилика за славење, размислување, проучување, продлабочување на таинството на евхаристијата и затоа и Меѓународниот конгрес во Будимпешта ја има истата цел.
„Всушност овие денови се случуваат моменти на продлабочувања, како на славенички така и на академски. Евхаристискиот конгрес треба да води кон евхаристиски живот. Пред неколку дена повторно ја прочитав хомилијата која папата Фрањо во 2018 ја одржа во Молфети по повод 25 годишнината од смртта на дон Тонино Бела. Тогаш меѓу останатото рече: „Во секоја парохија, во секоја црква треба да биде овој натпис: После светата Литургија не живееш повеќе за себе, туку живееш за другите.“ Верувам дека тоа е смислата на она што кардинал Ердо го говорел, односно: Евхаристијата нѐ потопува во Христовата љубов, во самиот Христов живот, кој е љубов со универзални димензии, па затоа мора да нѐ направи способни да го видиме во секој мажи и жена, во секоја личност, брат или сестра чие бреме мора да го носиме“, рече кардиналот Паролин.
Меѓу останатото истакна дека Папата одлучил да го продолжи патувањето за да предводи света Литургија во националното светилиште Шаштин на празникот на Блажена Дева Марија Жалосна, заштитничка на Словачка.
„Верувам дека тоа од една страна е показател за големото вниамние кое Папата секогаш го подарува на народната побожност, но пред сѐ негов исказ на посветеност на Пресвета Богородица која директно ја доживеал во Латинска Америка, во Аргентина, во сите земји на тој континент, но која исто така силно е вкоренета во Европа. Светилиштето во Шаштин е пример колку побожноста кон Пресвета Богородица е важна за животот на верата на еден народ и заедница. Исто така би сакал да го нагласам фактот дека ова ходочастие се одржува по операцијата на Папата, па тоа е во одредена смисла секако и благодарност на Пресвета Богородица за успехот на операцијата, но и прилика за да ѝ ги довери сите оние кои се наоѓаат во ситуации на кревкост, ранливост, страдање, вклучувајќи и физичко стрдање низ која он поминувал во овој период, а посебно земајќи ја превид непредивидената ситуација со пандемијата која сѐ уште за жал предизвикува стардање во многу земји“, рече државниот секретар на Светиот Престол.
Одговарајќи на прашање во каков дух Папата доаѓа на ова патување, кардиналот Паролин ја истакна големата желба на Светиот Отец да се сретне со луѓето. „Сам тоа го рече минатата недела на 5 септември по Ангел Господов. Рече: „Желбата… постои голема желба за средба со верниците и за запознавање на овие Цркви, земајќи во обзир дека апостослките патувања се разредени заради ковид кризата. Папата чувствува потреба и сака интензивно да продолжи со овој облик на вршење на својата петрова служба и со оваа можност за среќавање со луѓето што го карактериза неговиот стил и начин на живот“, рече државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.
Ватикан њуз/к.мк