Кардиналот Пјетро Паролин, говорејќи во Неапол на отворањето на 75-тата Национална литургиска недела, ја изрази својата длабока загриженост поради израелското бомбардирање на Газа, велејќи дека тоа нема „разумност“ воедно предупредувајќи ја влошената хуманитарната криза.
„Згрозени сме од она што се случува во Газа, и покрај осудата од целиот свет“, рече кардиналот Паролин, истакнувајќи дека „постои едногласност во осудата на она што се случува“. Зборувајќи на маргините од отворањето на Литургиската недела, кардиналот се осврна на израелскиот напад врз болницата Насер во Кан Јунис, во кој загинаа 20 лица, меѓу кои и пет новинари. „Нема смисла“, рече тој, додавајќи дека „изгледа како да нема можности за решение“ и дека ситуацијата станува „сè покомплицирана и, од хуманитарна перспектива, сè понесигурна, со сите последици што ги гледаме од ден на ден“.
Во врска со војната во Украина, кардиналот ја истакна потребата од „многу политика, бидејќи во теорија постојат многу можни решенија и многу патишта што би можеле да доведат до мир. Но, тие мора да се спроведат во пракса, а тоа бара и духовна расположливост“.
„Потребна е надеж за целиот свет“, продолжи кардиналот Паролин, потсетувајќи дека Јубилејот што го објави папата Фрањо, посветен токму на оваа тема, има за цел да биде „момент на враќање на надежта“. Тоа е, објасни кардинал Паролин, „надеж против секоја надеж“, во време кога „нема многу причини за надеж, особено на меѓународно ниво“. Последните денови, рече тој, повторно има „тешкотија во покренувањето патишта за мир во ситуации на конфликт“. Сепак, инсистираше тој, „не смееме да се предадеме на резигнација“, туку „да продолжиме да работиме за мир и помирување“.
Ватикан њуз/к.мк