Кардинал Паролин во посета на Мексико

Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин од 13 јули се наоѓа во Мексико на семинар за миграција. Кардиналот ќе разговара на теми поврзани со таа појава, која е посебно актуелна во таа земја – пренесува агенцијата ФИДЕС.

Спорд вестите од мексиканската влада, цел на овој состанок е наоѓање координирана програма помеѓу владата на Мексико и Светиот Престол за оваа чувствителна тема. Кардиналот Паролин е пречекан од министерот за надворешни работи на Мексико Хозе Антнио Меада, а учествуваше и на работна вечера на која, освен државните и законодавните власти на Мексико – учество зедоа и министрите за надворешни работи на Хондурас, Гватемала и Салвадор. Кардинал Паролин се сретна и со претседателот на Мексико Енрике Пења Ниета, а учествува и на состанокот за миграција и човекови права.

Претседателот Ниета го покани на овој состанок кардиналот Паролин за време на неговата службена посета на Ватикан во месец јуни. Посетата на кардиналот е многу важна, бидејќи се поклопува со хуманитарната криза и преселбата на илјадници деца, кои самоиницијативно се упатуваат кон Соединетите Американски држави. Овој феномен ги вклучува сите земји од Средна Америка, а Католичката црква е на првата линија, бидејќи скоро сите прифатилишта за иселеници се католички.

Мексико и Светиот Престол дипломатски односи имаат воспоставено 1982 година и координирано делуваат по различни прашања од заеднички интерес – пренесува агенцијата ФИДЕС.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот