Белградскиот надбискуп и Претседател на меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“, кардинал Ладислав Немет, во недела 16 март 2025 година упати до бискупот Стојанов писмо со сочувство по повод трагедијата во Кочани.
Во сочувството кардинал Немет изразува голема тага за трагичната загуба на животите, предизвикани од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.
Во име на Католичката црква во Србија, кардинал Немет, упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите и благодари на сите кои помагаат и кои се борат за спасување на човечките животи и оние кои им помагаат на семејствата на настраданите.
Воздигнувајќи молитва за покој на душите на жртвите, кардиналот изразува солидарност со сите кои ги изгубија своите најмили, повикувајќи го Семоќниот Бог Отец на сите да им помогне и да ги утеши нивните семејства, а за повредените моли Господа да им подари оздравување и утеха.
к.мк