Неодамна меѓународните медиуми шпекулираа дека папата Фрањо ќе поднесе оставка
Кардиналот од Хондурас Оскар Андрес Родригез Марадијага јасно ги отфрли гласините што ги поттикнаа некои медиуми за можна оставка на папата Фрањо. Тоа е „евтина сапуница“, изјави Марадијага, пренесува Дом радио.
Со овие зборови, дневниот весник La Vanguardia го цитира надбискупот на главниот град на Хондурас Тегусигалпа. Гласините се засноваа на лажни информации од земји како САД, рече кардиналот Родригез Марадијага, еден од најблиските доверливи луѓе на римскиот бискуп.
Неодамна светските медиуми шпекулираа дека папата Фрањо, кој следната година ќе наполни десет години од неговиот понтификат, ќе поднесе оставка поради неговото здравје и напредната возраст.
Ватикан њуз/к.мк