Кардинал Конрад Крајевски ја предводеше меѓурелигиската молитва за мир во катедралата во Лавов во четврток 10 март 2022 година. Меѓу учесниците имаше претставници на различни цркви и верски заедници во Украина.
На меѓурелигиската молитвена служба во катедралата во Лавов присуствуваа двајца католички надбискупи од Украина: митрополитот од Лавов, надбискупот Миечислав Мокрзицки и поглаварот на Украинската источно католичка Црква, архиепископот Свјатослав Шевчук. Присутни беа и православни епископи, а меѓу нив и оние кои се во заедништво со Московската патријаршија.
Зборувајќи по молитвата, кардинал Крајевски, кој е во Украина за да ја пренесе близината на папата Фрањо со народот кој страда, рече дека Црквата во Украина е обединета.
„Поделената Црква е скандал“, рече тој, истакнувајќи дека „денес сите бевме обединети, сите заедно се молевме и го молевме Бога за мир“.
Опишувајќи ја молитва која се издигнува како темјан, кардиналот рече „ова е нашата сила“ и изрази желба „да ја пренесе таа моќ и сила на украинскиот народ“. „Со вера можеме да поместиме планини. Јас верувам во тоа и уште повеќе, да запре глупавата војна – рече кардинал Крајевски.
Помош на Папата за Украина
Во текот на попладневните часови, Папскиот делегат го посети украинско-полскиот граничен премин Рава Руска-Хребен, каде што се информираше за ситуацијата и се сретна со волонтери кои помагаат на бегалците кои чекаат да ја поминат границата.
Минатата вечер кардиналот Краевски во парохијата Свети Иван Павле II во Лавов се молеше со прогонетите лица и вечерал со нив.
Ватикан њуз/к.мк