Кардинал Кох: Денес има повеќе прогонства отколку во првите векови
Треба да бидеме повеќе храбри во пријавувањето на прогоните на христијаните, бидејќи денес има повеќе прогонства отколку во првите векови – рече кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за единство на христијаните во интервју за дневниот весник Осерваторе Романо. Тој на прогонствата гледа и како можност за поголема поврзаност во екуменските настојувања со останатите христијански Цркви.
Се смета дека 80 % од лицата кои се прогонети поради верата, се христијани. Мислам дека премногу молчиме – рече кардиналот. Сите христијански заедници и сите Цркви имаат свои маченици. Крвта не раздвојува, туку обединува, смета претседателот на Папскиот совет за единство на христијаните. Во античката Црква се зборувало дека мачениците се семе за нови христијани. Денес би можеле да кажеме дека мачениците се семе на екумензимот и единство – истакна кардиналот.
На линијата на Иван Павле II – продолжува кардинал Кох – папата Фрањо говори за ’екуменизам на трпење’ што е најдлабок и духовен темел на екуменските настојувања. Тоа посебно важи за земјите во кои е никнато христијанството, на Блискиот Исток, а од таму христијаните сега бегаат, бидејќи ако остана ќе бидат убиени – нагласува кардинал Кох.
Тажно е да се гледа како остануваат само празни структури, без луѓе и ако тоа се случи значи дека сме изгубиле многу. Гледам и позитивни работи во обединување на христијаните, на пример во Сирија, бидејќи прогонството обединува – рече на крајот претседателот на Папскиот совет за единство на христијаните, кардинал Курт Кох.
РВ/го*ко