Острогонско – будимпештанскиот надбискуп, кардинал Петаер Ердо, ја коментираше најавата на папата Фрањо дека ќе присуствува на завршната света Литургија на Меѓународниот евхаристиски конгрес, кој ќе се одржи од 5 до 12 септември во главниот град на Унгарија. Сите се ентузијасти, не само католиците – рече тој – тоа ќе биде светлина по повеќемесечна темнина и пандемија.
Трогателно е да се види колку се жедни и гладни луѓето за Евхаристијата, рече кардинал Петер Ердо, архиепископ и митрополит на Острогонија-Будимпешта и унгарски примат, гледајќи со оптимизам на Меѓународниот евхаристиски конгрес, кој ќе се одржи во главниот град на Унгарија од 5 до 12 септември оваа година, Тој не ја криеше радоста од зборовите на папата Фрањо, со кои тој во авионот на враќање од Ирак објави дека сака да биде присутен на светата Литургија со која ќе заврши Конгресот.
Конгресот сепак ќе се одржи – истакна кардиналот, откако минатата година беше одложен поради пандемијата со Ковид-19. Нема сомнение, подготвени сме за разни ситуации во ова време на пандемија, додаде кардиналот. Програмата предвидува папата Фрањо да ја предводи завршната света Литургија, како и „Statio Orbis“ на Плоштадот на хероите, каде што ќе го објави местото каде ќе се одржи 53. Евхаристиски конгрес.
Покрај олтарот на завршната света Литургија на Конгресот во Будимпешта, на 12 септември попладне, ќе биде изложен Мисионерскиот Крст, симболот на тој настан, кој по повод е направен во 2007 година од градскиот уметникот Чаба Озвари, кој почина во 2009 година. Станува збор за уметничко дело високо 3,2 метри изработено од дабово дрво и обложен со бронзени плочки во кое се вметнати мошти на светци, блаженици и маченици од земјите на Централна Европа, а во центарот се моштите од Светиот Крст.
Таму се вметнати мошти на унгарски светци, свети Адалберт, светиот Стефан од Унгарија, потоа свети Томас Бекет, блажениот папа Инокентиј XI, блажена Ана Колесарова, а меѓу нив се и моштите на блажениот кардинал Алојзије Степинац, блажените дрински маченички и блажениот Мирослав Булешиќ. Папата Фрањо го благослови крстот на 20 ноември 2017 година, на почетокот од Ad limina apostolorum посетата на унгарските бискупи, посакувајќи тој да стане симбол на вистинско обновување на унгарскиот народ, почнувајќи од вредностите на Евангелието и евхаристијата.
Коментирајќи ги зборовите на Папата за време на прес конференција во авионот на враќање од Ирак, кардинал Ердо рече дека целото унгарско општество, не само католиците, ја примиле веста со огромна радост. Го очекуваме Светиот Отец како сведок на надежта, бидејќи неговото присуство ќе обезбеди надеж после толку месеци мрак и пандемија. Да продолжиме со животот, да се обновиме благодарение на Духот; тоа е целта на средбата – истакна кардиналот и додаде: Се надеваме дека ќе можеме да се сретнеме со Христос во септември во Будимпешта, и тоа на многу свечен начин.
Што се однесува до подготовките за конгресот, кардиналот рече дека, и покрај неочекуваните тешкотии заради пандемијата, големите проекти одат напред. На пример, подготвена е светата Литургија на „ловарски“ јазик“, унгарската верзија на ромски јазик, истакна кардиналот, а потоа спомна неколку официјални моменти од конгресот и бројни културни програми со христијанска содржина. Се подготвуваме за овој голем настан.
Конгресот секако ќе се одржи, нема сомнение и подготвени сме за разни ситуации кои може да се појават во ова време на пандемија. Имаме и пасторални програми, но најмногу од сè, имаме мрежа на луѓе кои се молат и учествуваат во обожување пред Пресветата олтарска Тајна. Иако во овој момент во Будимпешта изостануваат јавните свети Литургии, црквите не се затворени и луѓето доаѓаат да се молат пред Светата олтарска Тајна. Трогателно е да се види колку многу луѓето се жедни и гладни за Евхаристијата – истакна кардинал Ердо.
Ватикан њуз/к.мк