Кардинал Гамбети на празникот Тело и Крв Христова: Повикани сме како Исус да станеме Евхаристија
На светата Литургија, која ја служеше кардиналот Гамбети, во четвртоко 16 јуни 2022 година, на празникот Тело и Крв Христова, во базиликата Свети Петар, ги поттикна верниците да одат во школото на Евхаристијата: никој од нас не сака да се спушта толку многу колку што копнее љубовта, но тоа е патот по кој треба да се оди со Христа како би го живееле неговиот живот.
Соочени со предизвиците на историјата и со страдањата на нашите браќа и сестри, честопати сме во искушение да ја оправдаме нашата беспомошност или рамнодушност со давање логични причини или предлози за хипотетички проекти од комерцијална природа; Тоа го правиме исто така за да ги решиме драматичните ситуации, како оние на кои сме сведоци со месеци, рече кардиналот Мауро Гамбети, генералниот викар на Папата за Градот Ватикан, коментирајќи го Евангелието на Литургијата за празникот Тело и Крв Христова, кое зборувва за чудесното умножување на лебовите и рибите, кога учениците зачудени од барањето на Исус да ја нахрани толпата што го следеше – изгледаше како да се отргнуваат, оправдувајќи се дека немаа доволно храна.
На светата Литургија, која ја предводеше во базиликата Свети Петар, кардиналот истакна дека и ние се спротивставуваме кога се однесува за нашето тело, кога нѐ допираат во нашите џебови, во привилегиите што ги уживаме. Проблемот, според кардиналот, е слабата вера. Напротив, наместо да бараме изговор за да не се вклучиме, треба да се запрашаме што бара Бог од нас, а потоа едноставно да слушаме. Така направија учениците, надминувајќи се себеси и верувајќи во она што им го заповедал Исус. И се случи нешто неверојатно – рече кардиналот.
Осврнувајќи се потоа на прекрасната вест за потполната и лична љубов, која ја донесува Исус – Ова е моето тело, кое е за вас – за љубовта на која не сме само приматели, туку и протагонисти, генералниот викар на Папата рече дека и ние сме повикани да станеме Евхаристија како Исус, жив спомен на Исус, повикани сме да слеземе во човештвото, оставајќи ја секоја форма на световна, општествена и лична слава, за никогаш да не ја компромитираме големината на љубовта, односно како би го живееле оној живот кој Исус го сподлеи со нас, кој и понатаму го споделува со нас, за да не се одвоиме никогаш од патот на животот.
Ватикан њуз/к.мк