Кардинал Бо: Папата ќе даде нов поттик на Црквите во Азија

Кардинал Бо: Папата ќе даде нов поттик на Црквите во Азија

Пред претстојното патување на папата во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, каде што ќе отпатува во септември, претседателот на Федерацијата на азиските бискупски конференции се осврна за значењето на оваа претстојна посета: „Светиот Отец ќе може со рака да ја допре динамичната разноликост на Црквата во Азија и цврстата вера на нејзиниот народ”. Темата за грижата за созданието е важна: Во Азија, ефектите од климатските промени се разорни“.

Многу од нашите цркви се полни за време на неделните литургии. Многу Азијци кои емигрираат во други земји ја одржуваат својата вера жива – рече кардиналот Чарлс Маунг Бо, надбискуп на Јангон во Мјанмар и претседател на Федерацијата на азиските бискупски конференции (ФАБК), во опширно интервју за ватиканските медиуми, зборувајќи за верниците од Азија и Океанија со кои ќе се сретне папата Фрањо за време на неговото апостолско патување во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур.

Жива и разнолика Црква

Патувањето е закажано од 2 до 13 септември 2024 година, а тоа ќе биде 45-то меѓународно апостолско патување на папата Фрањо. Кардиналот Бо зборуваше за жива и разнолика Црква која, и покрај политичките, економските, социјалните, еколошките и културните предизвици и фактот дека – како што рече – во некои делови на Азија не е секогаш лесно да се живее христијанската вера, таа не само што е жива, туку и многу динамична на различни начини.

Близината на Папата

Кардиналот истакна дека за локалното население, Папата е некако „далечна“ личност. Затоа, доаѓањето на Папата во Азија не само што придонесува за возбуда – истакна тој – туку буди нов жар и обновено чувство на вера, бидејќи покажува дека азиските народи не се далеку од мислите и срцето на Папата. Најохрабрувачки е што папата Фрањо одлучи да посети помали земји, малку познати во светот, како Папуа Нова Гвинеја и Источен Тимор, со што создаде можност светот да ги запознае Црквите на тие земји.

Раскош и сиромаштво; муслимани и католици

Бидејќи ова се многу различни земји; го гледаме раскошот на Сингапур и сиромаштвото на Папуа Нова Гвинеја, Индонезија со мнозинско муслиманско население и католичкото мнозинство во поранешната португалска колонија Источен Тимор, кардиналот Бо истакна дека Азија е посебна токму поради нејзината различност, во однос на култури, религии и традиции. Додека христијаните се малцинство во повеќето азиски земји, со исклучок на Филипините и Источен Тимор, гледаме дека верата расте. Црквите во Азија, иако мали, се витални и живеат.

Мир, хармонија и дијалог

На новинарско прашање што може општата Црква да научи од Црквата во Азија, кардиналот истакна три збора: мир, хармонија и – како што рече – што овозможува мирот и хармонијата да стане реалност е дијалогот. И покрај многуте предизвици со кои се соочуваат Црквите во Азија, нашата цел е да бараме мир и хармонија. Секој бара мир и хармонија и затоа, во услови на политичко угнетување, сиромаштво, уништување на климата и многу други ситуации, Црквата треба да соработува со другите за да ги врати мирот и хармонијата во животите на директно засегнатите. Во Азија учиме да соработуваме, да водиме дијалот и да се почитуваме. Но, пред сè, научивме да живееме заедно како браќа и сестри и покрај тешкотиите – изјави кардинал Бо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот