Средбата се одржа на 15 и 16 април 2024 година во домот Света Марта во Ватикан. На состанокот имаше осврт и молитви посветени на конфликтите во различни делови на светот, посебно на Блискиот Исток и Украина. Загрижени од она што се случува, членовите на Кардиналскиот совет и Папата изразија надеж дека ќе се зголемат напорите насочени кон изнаоѓање патишта за преговори и мир
Попладнето на 16 април заврши состанокот на Кардиналскиот совет, кој започна во понеделник на 15 април во Домот Света Марта во Ватикан. Работата на вториот ден започна со извештај на кардинал Марио Грех и монсињор Пјеро Кода за тековната Синода – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол – и заврши откако се разгледа спроведувањето на Апостолската контитуција Praedicate evangelium во бискупиите, со извештаи од секој кардинал за социјалната, политичката и црковната ситуација од регионите на нивното потекло.
За време на состанокот имаше осврти – и во неколку наврати молитви – посветени на војните и конфликтите во различни делови на светот, посебно на Блискиот Исток и Украина. Заедно со Папата, членовите на Советот ја изразија својата загриженост за се што се случува и се надеваат дека ќе се зголемат напорите насочени кон изнаоѓање патишта за преговори и мир.
Работа на Кардиналскиот совет на 15 април
Во понеделник, 15 април, кардиналите разговараа за улогата на жената во Црквата и ги слушанаа размислувњата на сестра Регина да Коста Педро, од Конгрегацијата на мисионерите на безгрешното зачнување, која ги презентираше конкретните приказни и размислувања на некои жени од Бразил, како и презентацијата на професорката Стела Мора, од Теолошкиот факултет на Папскиот универзитет Грегоријана, која зборуваше за начинот на кој културите ја препознаваат улогата на жената на различни места на планетата.
Советот на кардиналите повторно ќе се состане во јуни.
Ватикан њуз/к.мк