Кардиналот Гуџероти ја пренесе близината на Папата со христијаните во Сирија

Кардиналот Гуџероти ја пренесе близината на Папата со христијаните во Сирија

Префектот на Дикастеријата за Источните цркви, кардиналот Клаудио Гуџероти, е во посета на Сирија и Либан како претставник на папата Фрањо, а во Дамаск се сретна со верници и црковни претставници.

Кардиналот Гуџероти е во Сирија за да ја истакне близината на Папата со католиците во таа земја и таму ќе остане до 29 јануари.

За ватиканските медиуми тој изјави дека Сирија и Либан се соседни земји со „нестабилни“ односи. Важно е, посочи тој, „сега голем број Сиријци, кои нашле засолниште во Либан, да размислуваат за враќање во Сирија штом ситуацијата ќе се стабилизира“. Ја истакна и улогата на Маронитската црква како врска меѓу двете земји.

Во петокот, кардиналот Гуџероти се сретна со верниците и црковните претставници во христијанската населба Баб Тума во Дамаск. Ги поздрави со зборовите: „На сите христијани во Сирија им ја пренесувам прегратката и близината на папата Фрањо“ и додаде: „Христијани во Сирија, не дозволувајте стравот да ве совлада! Папата ги знае вашите маки и е блиску до вас“.

Во изминатите десет години, десетици илјади христијани ја напуштија Сирија поради војната и економските тешкотии.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот