Камп за деца и млади во Струмица

Камп за деца и млади во Струмица

На 15 и 16 јуни 2017 година парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во дворот на црквата организира Веронаучен камп, на кој учествуваа повеќе од 20 деца и млади од веронаучните групи на парохијата.

Кампот започна со Света Литургија и обожавање, а потоа учесниците беа поделни на машка и женска група, а секоја од нив избра свој одговорен. За работиниците пак учесниците беа поделени повторно во две групи. Во едната група се работеше со децата кои се подготвуваат за Прва Света Причест, додека во другата група имаше интерактивна катехеза на тема: Посланието на Црква и мојата улога во него.

Со паѓањето на мракот во дворот на Црквата беше запален логорски оган и тоа време беше искористено за дружење и заедништво, но исто така и се молеше, при што секое дете кажуваше молитва за лицата во потреба: болни, затвореници, родители, лица со посебни потреби….“ Денот заврши со проекција на филмот Фатима и молитва пред спиење. Во текот на ноќта децата и младите според претходно договорениот термин стануваа и во парохиската црква молеа по еден час во текот на целата ноќ, а беа придружувани од свештениците.

Наредниот ден беа организирани работилници, игри, пешачење, а веронаучниот камп заврши во попладневните часови.

Веронаучниот камп децата и младите го именуваа „Захарија“ и е трета година по ред како во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се организира Камп за деца и млади кои во текот на годината доаѓаат на веронаучните средби.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот