Дали некогаш сте се запрашале од каде доаѓа песната која на секој Бoжиќ ни ги исполнува срцата?
Дали сте се запрашале од каде на некој такво вдахновение да напише песна која ќе го обиколи целиот свет, која ќе биде повеќе популарна од сите рок хитови, дури и од едноставните песни кои некогаш сте ги пееле и ги пеете на некој за роденден, песната Happy Birthday.
Парохот и учителот разговарале во четири очи и се договориле свештеникот да состави текст, а учителот ќе искомпонира за гитара. Гитарата требало да ги замени оргулите за Божиќната ноќ.
Вечер е. Свештеникот се загледал во снежните покриени кровови во своето село, ослушкувајќи ја тишината на ридовите и долините. И почнале да протекуваат зборови сами од себе: Тивка ноќ, света ноќ…испеана за кратко и компонирана за неколку минути. Од тогаш таа песна непрестано се шири по целиот свет и во сите срца внесува мир во Исусовите јасли.
На полноќ, 24 декември 1818 свештеникот Мор служел света Литургија. После Евангелските зборови:… И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога. Требало со гитара, наместо со оргули да ја започнат да ја пеат составената песна. Пееле парохот и учителот, а Грубер лесно и тивко поминувал низ жиците на гитара за да не се слуша премногу гласно овој световен инструмент.
Меѓугорје инфо/к.мк