Божиќното време нѐ свртува кон Бог Кој доаѓа. Полесно ќе се одлучиме за молитва, за Исповед, полесно ќе се помириме.“
Бидејќи Божиќ е духовна реалност и подготовката за него би требало првенствено да има духовен карактер. Меѓутоа, никако не се исклучува и надворешната подготовка. „И двете нивоа на подготовка се важни и би требало да бидат длабоко поврзани една со друга. Материјалната, надворешната подготовка би требало да биде израз на внатрешната, а повторно внатрешната подготовка на срцето би требало да биде темелот и причина за надворешната подготовка. Кој го сака Исуса, кој навистина се радува на неговото доаѓање и своето срце го подготвуваат за да го прими и тој својата радост ќе ја изрази и преку надворешната подготовка.“
За жал, во подготовка за Божиќ можеме да ја промашиме неговата суштина и да бидеме неправедни кон Божиќ. Имено, „постои вистинска опасност надворешната подготовка да го загуби својот внатрешен темел и да не поттикнува на внатрешна подготовка. Со тоа навистина би се создала голема неправда кон Божиќ, Исуса Кој доаѓа од љубов кон нас. Со други зборови, постои опасност да се радуваме на Божиќ поради храната и пијалоците, поради убавите божиќни обичаи, а не поради Оној заради Кој сето тоа се случува. Да замислиме како некој се подготвува за доаѓањето и се радува на средбата со нас и повикал многу пријатели на кои многу поважно им е она што е на масата отколку средбата со нас. Тоа навистина длабоко би нѐ повредило.“
Разбирливо е што се нагласува важноста на внатрешната подготовка за Божиќ затоа што без неа не е можно да се очекуваат плодови од Божиќ. „Постои опасност, од ден на ден сѐ поголема, да се задржиме на надворешните услови на мирот и радоста. Многумина во оваа пред божиќно време ќе трчаат и работат и ќе се подготвуваат за Божиќ немајќи време за молитва, за добра свeта Исповед, за Литургија, а тоа значи дека ќе немаат време за средба со Бога. А ако таа не се случи, божиќната радост и божиќниот мир нема долго да траат. Ќе се заврши со добар ручек или пијалок или откако ќе ги примиме даровите кои сме си ги подготвиле едни на други. Таквиот мир уште утре ќе исчезне како дим пред ветрот, а тоа значи дека Божиќ поминал без Исус, творецот на мирот. А тоа за човекот е страшно, затоа што немирите вечно ќе го тераат на немирни патишта и никогаш нема да може да престане.“
Како правилно да се подготвиме за Божиќ? Што е тајната за вистинската подготовка? „Оној кој за Божиќ нема да се одлучи за љубовта кон Исуса и за луѓето околу себе, тој свесно или несвесно се откажува од внатрешната подготовка за Божиќ. За него тогаш тој ден ќе му биде само надворешна прослава, а тоа е премногу малку за славење на Божиќ.“ Оној „кој останува на тоа ниво, нема да може да го доживее Божиќ“. Љубовта во срцето е она што во подготовката за Божиќ не смееме да ја изоставиме, а причината за тоа не е во нас: „Он (Христос) направил толкава подготовка затоа што единствено љубовта Го поттикнал да дојде кај нас. Единствено на љубовта може со љубов да се одговори!“
Божиќ, најчесто поради комерцијалните причини, се прикажува идилично, што меѓутоа не одговара на вистината. Божиќ „е голема тајна на божествената љубов која се крие во беспомошното дете, и се нуди во општеството на едно семејство кое е изложено на сите опасности.“ „Самиот Божиќ означува Божја храброст како мало дете да дојде на овој свет и да стане човеков животен сопатник во овој свет.“ Божиќ не е празник на идилата, туку на мирот, а до мирот може да се дојде и во неидиличните ситуации. „Преку крстот, кој се прифаќа со љубов, се раѓа мирот, а Исус е мирот. И кога тој ќе се роди во срцето на човекот, се случува Божиќ. Божиќ е доживување на радоста и празник на мирот и помирувањето.“
Суштината на Божиќ е повикот на промена. „Сѐ уште Бог се нуди во едноставен, понизен облик на дете и сака заедно со човекот да го промени светот. Самиот Божиќ не го менува светот, но Божиќ означува еден нов пат по кој што може да се оди – и тоа не сам, туку со Бог. Промената започнува во моментот во кој – без неопходно да се сака да се разбере патот со Него тој да се прифати.“ Симболот на Божиќ се рацете. „Срцето исполнето со Бога станува подлога и темел за радосно ширење на рацете кон другите. А токму таа е смислата на Божиќ, рацете воздигнати кон Бога да станат раце радосно отворени кон човекот. Токму така се постигнува можна прегратка помеѓу човекот и Бога, и човекот со своите браќа. Во таа прегратка се остварува и Божиќ.“
Божиќ не е врзан за самиот празник Божиќ. „Мирот во нашето срце е условот Исус да може да се роди во нашето срце. Неговото раѓање во нашето срце не зависи од празниците или од датите, туку од нашиот однос кон Бог и кон луѓето. Мирот е Божја милост и плод кој расте од љубовта, простувањето, помирувањето и милосрдието; тоа е плод на комбинација од овие работи. Така мирот е услов за Исусовот раѓање.
Ние имаме можност секогаш да го живееме Божиќ, а тоа значи да живееме опкружени со мир и радост. Од друга страна пак во опасност сме од тоа Божиќ да не го доживееме ниту на самиот ден (на датумот) на Божиќ. Честопати го обвинуваме нашето секојдневие со неговите стресни и неговите интензивни факти дека не молиме, не постиме или не одиме на литургија; меѓутоа имаме ли, поинаков внатрешен став, тогаш овој живот може да стане Витлеем.
Исус е роден во штала, што не било ниту малку човечко опкружување, а тоа, меѓутоа, значи за нас нешто многу важно. И тогаш кога во нашето секојдневие мораме многу работи да ги прифатиме како нечовечки или нехристијански, сепак овој секојдневен живот со целата негова валканост може да стане место на Исусовото раѓање. Бог за нас го направил можен првиот чекор само под еден услов, а тоа е, да му се отвориме. Тоа е доволно за Тој да може да дојде. Ако на нашите фантазии и желби им дадеме слободата, тогаш имаме чудесна можност секој ден да ни стане Божиќ. Тоа значи постојана отвореност меѓу сите нас, меѓу сите луѓе, меѓу сите нации и постојан обид меѓусебно да се даруваме со дарови и со љубов и да знаеме да се изненадуваме. Така животот секому би бил поубав.
Гласник Мира/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк