Дали сме свесни колку се важни нашите молитви? Дали сме се запрашале како да се молиме за нашите деца? Дали се сетувате да се помолите додека ги усогласувате нивните чорапи?
Да погледнеме заедно како можеме да молиме за своите деца:
Молете Света Бројаница – медитирајќи над секое таинство можеме да го поврземе со животот на своето дете. Додека молиме за одредена крепост не принесуваме само за нашите деца, туку молитвата ни помага да се фокусираме како родители.
Медитирајте – имајте ги во предвид посебните карактеристики кои Бог ги дарува на секое од вашите деца, љубовта која ја негува за нив, размислувајте како вие родителите можете да им помогнете да ги развијат своите посебни дарови и таленти и да растат во милоста.
Одете на Евхаристија – Евхаристијата е најголемиот дар, најголемата жртва и најголемата молитва.
Измолете Деветница – Деветницата е молитва која се моли во текот на девет дена или во некои случаи девет часа. Овие молитви можете да ги пронајдете и на интернет. Света Тереза од Калкута предлага деветница од девет часа, молејќи ја молитва „Спомни си о премила Дева Маријо“ секој час во низата.
Ако сте личност за мобилни апликации, на интернет можете да најдете апликација за деветници. Само пребарајте на својата продавница за апликации. Можете да поставете да ви се вклучи алармот секој ден во истиот час за да не заборавите да молете.
Молете низ секојдневните работи
Мајката може да моли за секое дете додека ги подредува неговите алишта. Кога ги зема неговите/нејзините чорапи може да каже: Господи, помогни му/ѝ да оди по патот кон Тебе, додека ги подредува неговите/нејзините маици: Боже исполни го срцето на ова дете со доброта за да биде посредник на Твојата љубов кон другите, итн.
Мајката која моли за време на своите секојдневни работи не мора да се грижи за своите прекини од децата или мажот. Самиот „прекин“ е целта за нејзиното делување и таа лесно може да комбинира молитвата, работа и разговор.
Молете додека сте во природа
Некои луѓе сакат да молат Света Бројаница додека се шетаат, додека планинарат или возат велосипед. Открив дека мојот ум честопати залутува. Додека сум на прошетка или возам, настојувам едноставно да се воодушевувам од Божјите чудеса во природата и неговото божествена уметност. Понекогаш застанувам и го погледнувам цветот кој што ми паднал во око, ги слушам звуците од птиците или се воодушевувам на фомираните на облаците на небото. Но во други прилики кога сум фокусиран, молам во ритамот на моите чекори: „Исусе помилуј ме, Исусе помилуј ме…“. Со секој чекор ја замислувам Неговата љубов и милоста која ги благословува некое од моите деца.
Постете
Можеме да го поминеме утрото или целиот ден без храна, а кога ќе паднеме во искушение да го прекршиме постот, да се сетиме на детето и наканата која сме ја поставиле, молејќи Бог да го уважи нашиот пост. Храна не е единствената работа од која можеме да постиме. Можеме да постиме од социјалните мрежи, негативните коментари и бројни други работи.
Страдање
Можеме да го прифатиме сопственото страдање со љубов, за благосостојбата на нашите деца.
„Кога ангелите би биле способни за завист, би ни завидувале за две работи: примањето на Светата Пичест и страданието.“ (сестра Фаустина, стр. 1805)
Како можеме да страдаме за нашите деца?
Мајката може да ја принесе породилната болка за своето дете. Ова во себе го вклучува менталното страдање (грижа, немир и страв), како и физичката болка на бременоста така и породувањето. Придодавјќи го значењето и наканата за страдањето, соединувајќи се со крстот на нашиот Спасител, страданието има спасителна вредност. Така го надминуваме злото на страдањето преку подготвеноста за поднесување на страдание за другиот. Стануваме слични со Христос. Како што Бог не дејствува според нашето човечко време, можеме во ретроспектива да го намениме своето страдање за доброто на нашите деца.
Нашите секојдневни мали страдања можеме да ги посветиме преку одредени накани – главоболка за оваа дете, болка во стапалото за онаа дете, гужва во сообраќајот, немир во срцето за некој настан надвор од куќата итн. Нека Светиот Дух ве води во одредување на вашите накани или едноставно кажете: „За моите деца, Господи!“
Ако нешто се случи на моите деца, значи ли тоа дека доволно не сум се молел?
Постои нешто важно што би сакал да го спомнам – ако молиме за своите деца, тоа не значи дека нема никогаш ништо лошо да им се случи. Знам неколку семејства, навистина добри семејства, католички, чии деца загинале во сообраќајни несреќи или други трагедии. Не можам да замислам дека овие семејства не се молеле за своите деца. Тие имале добри и грижливи родители кои молат. Мојот посвоен брат загинал во сообраќајна несреќа кога имал 20 години и знам како факт дека моите родители биле добри и редовно се молеле. Што можеме од ова да заклучиме? Дали сите овие родители се молеле доволно? Мислам дека не станува збор за ова.
Бог во својата мудрост ја користи молитвата на мистериозни начини. Верувам дека во случајот на мојот брат, како и кај другите семејства чии деца настрадале, молитвата е насочена кон спасението на душите на тие деца. Верувам дека преку тие молитви загинатите децата се здобиле со потребната милост која им е овозможила да одат во рајот. Бог погледнал на нивните животи и нивните потенцијални животи кои сѐ уште не се оствариле во моментот на нивната смрт, па така дозволил да бидат земени од земското постоење во точно одреден момент кој им овозможил слободно да го изберат рајот. Ова е само моето лично размислување, но јас се држам до него, бидејќи сметам дека Бог е полн со љубов и милост во мера во која не можеме да ја сфатиме и разбереме. Ние сме патници на оваа земја и нашата конечна дестинација е рајот. Можеби нашите молитви ги довеле нашите ближни таму затоа што постои можност во спротивно да не се спасат.
Се грижам дека моите молитви нема ништо да променат
Постои опасност на која накратко би се осврнал. Се работи за размислувањето дека нашите молитви не се важни, дека не сме доволно добри или не молиме доволно за да ја заслужиме заштитата и милоста која ја бараме за своите деца. Од една страна тоа е точно – ние не „заслужуваме“ било што да бараме од Бога. Меѓутоа, да се сетиме дека дури и една мала молитва или страдање, соединета со Христовото страдање и волја е доволна за да се промени светот. Само преку Неговите заслуги нашите молитви имаат моќ. Во пресметката – ние плус Бога – секогаш сме во добивка. Вистина е дека не можеме со сопствените сили да го измолиме рајот за своето семејство и пријатели.Но, тоа не е ниту целта. Исус умре за нив и тоа е можно само преку Неговите заслуги. Дури тогаш кога ќе го соединиме своето страдање со Неговото, нашето страдање прима спасителна улога. Дури тогаш нашите молитви ќе го променат светот.
Жена врсна/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк